Канал 77 почна со емитување на програмата на 4 октомври 1991 во Штип, по неколкумесечна експериментална работа. Во 1996, радиото почна да емитува програма на национално ниво, за што концесијата ја доби во 1997 година и стана првото приватно радио во Македонија со информативна програма на државно ниво. Покрај студиото во Штип, Канал 77 отвори две придружни студија со седиште во Скопје и Битола, кои преку најсовремена технологија емитуваат заедничка програма од трите студија. Програмата на Канал 77 е достапна до сите делови на Македонија благодарение на сопствената репетиторска мрежа од 27 предаватели. Read more

  1. Status

    Waiting for station data

Similar stations

About the station

Канал 77 е првата радио станица што воведе софистицирана и современа технологија која вклучува РДС (радио дата систем), автоматски софтвер и 3-Д стерео. Како радио се насочивме на категорија слушатели од 20 до 45-годишна возраст, и тоа исклучиво на високообразовани луѓе. Решивме да останеме цврсто на тој формат и да се фокусираме само на таа популација. Музички веќе се дефиниравме за возрасна современа музика, со помал број хитови, а со повеќе стара музика. За разлика од порано, кога лутавме музички, сега не работиме така, туку им го препуштаме тоа на другите радиостаници.

Station contacts

Address
Штип Ул: Франклин Рузвелт 4, лок. 6, 1000 Скопје, Македонија
Phone
+389 (2) 3223-122, +389 (2) 3223-201
Website
kanal77.mk
Email
kanal77@kanal77.com.mk
Facebook
@Kanal77
Twitter
@Kanal77
Instagram
@Kanal77
YouTube
@UCqbnOxNiZDbsttMFHJv9Ahw